
Откриен шверц на стока вредна околу 10.000 евра на „Ќафасан“
На 28-ми јануари 2022 година, во 10:05 часот на Граничен премин „Ќафасан“ на излез од државата, по претходно спроведени активности од страна на Одделението за прекуграничен криминал Струга при Регионален центар за гранични работи Запад, извршена е контрола на патничко возило „Мерцедес“, со албански национални ознаки, управувано од 55-годишниот А.С., каде како совозач бил 47-годишниот А.М.
– Притоа, во возилото биле пронајдени производи во вредност од околу 10.000 евра, без соодветна документација. Лицата и производите се предадени на царински службеници за понатамошна постапка согласно чл.263 од Царинскиот закон, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото