Откриена е нарко-подморница: Долга е 9 метри, а еве од што е направена…

 Откриена е нарко-подморница: Долга е 9 метри, а еве од што е направена…

Шпанската полиција заплени нарко-подморница од „домашно“ производство која може да пренесе над 2 тони товар.

Полицијата ја пронајде оваа подморница во тек на изградба во Малага за време на големата меѓународна акција против криумчарење на дрога. Станува збор за пловило со ширина од три и должина од девет метри изработено од фиберглас. Има три отвори и два мотори од 200 коњски сили.

Првиот човек на шпанската полиција, Рафаел Перез изјави дека подморницата никогаш не испловила.

„Мислиме дека требала да оди на отворено море и да се сретне со матичниот брод, да ја преземе дрогата и да се врати во Шпанија. Подморницата е како санта мраз. Во пракса, се е под вода освен самиот врв кој е единствениот дел кој може да се види од друг брод или хеликоптер“, изјави Перез.

>
>