Откриени 50 кг марихуана на патот Прилеп-Битола, крајна дестинација била Грција

 Откриени 50 кг марихуана на патот Прилеп-Битола, крајна дестинација била Грција

Дрогата ја превезувало едно лице од Скопје, а МВР и прилепското обвинителство утврдуваат евентуална инволвираност во транспортот на дрогата и на други лица

На патот Прилеп-Битола, полицијата вчера спречила меѓународен транспорт на марихуана, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во автомобил биле пронајдени 50 килограми дрога, која потекнува од Албанија, а чија крајна дестинација била Грција. Проценетата вредност на марихуаната е околу 200 000 евра.

  • „На патниот правец Прилеп-Битола од страна на сообраќајна полиција запрено е патничко возило „пежо карван“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(31) од Скопје и при извршена контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола и возилото не било технички исправно, а по извршениот преглед биле пронајдени две патни торби во кои имало 9 големи пакувања марихуана, во вкупна количина од 50 килограми“,

М.Ј. бил приведен, а за случајот е известено и веќе постапува прилепското обвинителството. Како што информираше Министерството, се утврдува евентуална инволвираност во транспортот на дрогата и на други лица.

x