• 30/09/2020

Откриени тунели на границата со Србија: Мигрантите преку овој пат се обиделе да дојдат до Унгарија

 Откриени тунели на границата со Србија: Мигрантите преку овој пат се обиделе да дојдат до Унгарија
loading...
Advertisement

Унгарската полиција открила два тунела кои ги користеле мигрантите за да влезат во таа земја која се граничи со Србија.

Еден тунел е пронајден во селото Асоталом на југот на земјата, каде полицијата привела 44 мигранти кои ги користеле недозволените премини. 

Друг тунел бил пронајден во селото Чикерија, а долг е 21,7 метри, но на него не бил забележан ниеден успешен премин на мигрантите, соопштила полицијата.

Полицијата наведува дека двата тунела се откриени кратко откако биле направени. Тунелите се сега затворени.

На врвот од мигрантската криза во 2015-та година, Унгарија изградила ограда со бодликава жица долж својата граница, за да го спречи приливот на мигранти.