• 15/08/2020
 Откриено зошто е можно еден човек двапати да се зарази од Ковид-19: Научниците ги ”обвинуваат” генетиката и тестовите

Откриено зошто е можно еден човек двапати да се зарази од Ковид-19: Научниците ги ”обвинуваат” генетиката и тестовите

loading...
Advertisement

Научниците велат дека пациентот кој што е ”излечен” можно е никогаш целосно да не закрепне од инфекцијата Ковид-19.

Како што се наведува во извештаите објавени во „American Journal od Emergency Medicine“, маж првпат бил тестиран на коронавирус во месец април во Општата болница во Масачусетс во Бостон, бидејќи имал висока телесна температура – резултатите биле позитивни.

Овој пациент спаѓал во ризична група, затоа што исто така боледувал и од Паркинсонова болест, дијабетес, хронични заболувања и висок крвен притисок, па состојбата многу брзо му се влошила и бил приклучен на респиратор.

Во болница бил точно 39 дена, а докторите успеале да му го спасат животот.

Непосредно пред да биде пуштен од болница повторно бил тестиран на Ковид-19, а тестот бил негативен.

Меѓутоа, само десеттина дена подоцна се вратил во Итната служба на болницата повторно со висока телесна температура и гушење.

Го испратиле на рентген, па повторно биле утврдени видливи знаци на прележаната инфекција.

Го тестирале, бил позитивен на Ковид-19. Повторно бил сместен на интензивна нега и спасен по вторпат.

По 15 дена бил пуштен од болница.

Овој случај го отвора прашањето за прецизноста на поедини тестови на коронавирус, како што велат авторите на самото истражување.

Повторно заразување од Ковид-19 е возможно, најчесто алтернативно објаснување за тоа е продолжено исфрлање на вирусот од самиот организам и непрецизните тестови – што значи дека одреден човек можеби никогаш целосно не закрепнал од инфекцијата.

Научниците велат дека за исфрлањето на вирусот од организмот влијае староста на пациентот како и моќта на самата инфекција.

Кај постарите пациенти, оние со потежок облик на болеста треба повеќе време за да се исфрли вирусот, отколку кај помладите пациенти и оние кои што се здобиле со поблаг облик на самата инфекција.

Генетскиот материјал кај многу од вирусите подолго се задржува во домаќинот, дури и тогаш кога жив вирус и симптомите не постојат. Поради тоа откривањето на генетскиот материјал само со земање брис не значи дека постои активна инфекција, односно опасност од зараза“ – велат авторите на истражувањето.

Можеби ке те интересира