Откриено зошто се разведува популарната турска двојка познати како Шехерзад и Онур

Брачната двојка Халит Ергенч и Бергузар Корел, попознати во јавноста како Шехерезада и Онур од популарната серија „1001 ноќ“, веќе подолго време минуваат низ брачна криза.

Наводно, нивниот 11-годишен брак бил загрозен поради неверството на славниот Сулејман. Проблемите започнаа откако Бергузар целосно им се посвети на децата, особено откако нивниот втор син се роди во март.

„Тие не се согласуваат за многу работи. Најлошото нешто е што Халит не сакаше друго дете затоа што смета дека е премногу старо, а неговата сопруга го убедуваше да го стори тоа скоро две години. Кога остана бремена, тој беше пресреќен, но откако се роди бебето таа одлучи да се разделат неколку месеци, по што ќе одлучи дали ќе се разведе засекогаш“, изјави извор близок до парот.

View this post on Instagram

🤍

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel) on

Сепак, едно нивно допишување на социјалните мрежи предизвика големо внимание.

Имено, на една од турските телевизии беше прикажана серија со Халит Ергенч, а имаше особено возбудлива епизода кога ликот што го толкува дознава дека синот, кого го сметал за свој, е всушност син на неговиот најдобар пријател. И тоа целосно го скрши.

Сепак, Бергузар имаше особено интересен коментар за тие сцени – таа јавно го повика својот сопруг, но и сценаристите на серијата.

„Уморна сум од тебе! Како можете да им го правите ова на луѓето? Јас веќе нема да ја гледам оваа серија, не можам да го направам ова. Не ми се допаѓа правецот во која оди серијата, не ми се допаѓа ниту твојот лик. Зошто се согласи на ова?“ напишала актерката, на која наскоро и одговорил нејзиниот изненаден сопруг.

„Не го очекував ова од тебе“, напиша Халит.

View this post on Instagram

eylül 🍂

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel) on

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds