• 30/09/2020

Отворен вториот регионален центар за третман на деца со аутизам во Охрид

 Отворен вториот регионален центар за третман на деца со аутизам во Охрид

????????????????????????????????????

loading...
Advertisement

Во присуство на Министерот за здравство на Македонија Венко Филипче, на Министерот за здравство од Република Бугарија Ананиев и првата дама во нашата земја Елизабета Георгиевска Пендаровска, денеска, во Општата болница во Охрид во употреба пуштен беше регионалниот центар за третман на деца со аутизам. Центарот на површина од 250 метри квадратни, располага со дефектолошки и логопедски кабинети кои се опремени со разновидни дидактички материјали кои се соодветни за потребите на децата, сензомоторна и мултисензорна соба, како и други потребни услови за работа на ангажираниот персонал

Ова е втор регионален центар во Охрид. Првиот беше отворен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“.

Носител на проектот е Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „ВО МОЈОТ СВЕТ“. Проектот се реализира со поддршка на Министерство на здравство, кое ги отстапи просторите за користење во рамки на Општата Болница во Охрид и болницата Св. Еразмо. Реконструкцијата и опремувањето на центрите е финансирано од страна на змбасадите на Република Бугарија и Република Чешка во Скопје.

Извор:OhridNews