Отворена иницијативата за сезонска авиолинија Белград-Охрид

Отворена иницијативата за сезонска авиолинија Белград-Охрид

Воведување авиолинија на релацијата Белград-Охрид која би оперирала два пати неделно и би имала сезонски карактер во фокусот на средбата во Белград на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија Љупчо Јаневски, со државниот секретар Жикица Несторовиќ при Министерство за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија и Бошко Рупиќ, комерцијален директор на „Air Serbia”.

Ова е поткрепено со одличните статистички показатели за раст на бројот на српски туристи и тоа за повеќе од 500% во 2021г одина споредбено со 2022г. Раст од 100% во бројот на туристи од Србија кој го посетиле Охрид е забележан и во првиот квартал од 2022 години споредбено со 2021, исто така и остварените ноќевања се со значителен раст, изјави директорот Љупчо Јаневски.

Јаневски дополни дека регионалната соработка е предуслов за развој на туристичката индустрија, а со иницијативата „Отворен Балкан”, се поместуваат границите и истата станува дестинација од 15 милиони домашни туристи која е сериозна можност за инвестиции.

Туризмот треба да се перцепира и како генератор на воспоставување доверба, соработка, економско закрепнување и добрососедски односи во регионот, додава Јаневски.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds