• 19/09/2020

Отворени Роса школи за родителство во Скопје, Гостивар, Битола, Струмица, Куманово и Охрид

 Отворени Роса школи за родителство во Скопје, Гостивар, Битола, Струмица, Куманово и Охрид
loading...
Advertisement

Во текот на 2018 и 2019 година се отворија шест Роса школи за родителство во јавно-здравствените установи во Скопје, Гостивар, Битола, Струмица, Куманово и Охрид, во соработка со Пивара Скопје, соопшти Министерството за здравство.

– Кон крајот на 2019 година, потпишавме и Меморандум за соработка, со кој предвидено е оваа година да се отворат уште три школи во земјава. Со ова заеднички одговараме на важните прашања поврзани со родителството, изјави Филипче.

Од Министерството за здравство информираат дека школите функционираат одлично и идните родители имаат можност да посетуваат бесплатни обуки, со цел да се едуцираат за справување со секојдневните предизвици во родителството.

Стручен тим составен од педијатар, гинеколог-акушер и патронажна сестра ги едуцира идните родители во групни здравствени-образовни работилници, организирани во пет тематски целини за текот на бременоста, нега на трудниците, но и за подготовките за породувањето, негата и исхрана на новороденчето. Проектот „Роса школи за родителство“ е резултат на шестмесечната кампања преку која беше издвоен по еден денар од секое продадено шише вода „Роса“ од 1,5 литри, а средствата беа наменети за комплетно реновирање и опремување на простории во здравствените институции наменети за Роса школите за родителство, посочуваат од Министерството за здравство.

Извор:iportal.mk