• 21/09/2020

Ова беше најтоплиот јануари во 141 години мерење

 Ова беше најтоплиот јануари во 141 години мерење
loading...
Advertisement

Најтоплиот јануари во последните 141 години беше забележан годинава. Податоците на Националната управа за океан и атмосфера (NOAA) покажуваат дека според климатската евиденција чувана 141 години, просечната температура на копнената и морската површина во 20 век во јануари годинава била надмината за 1,14 степени.

Поради емисијата на стакленички гасови како поселдица на човечктие активности, Земјата е еден степен потопла отколку во прединдустриската доба, што има разорни последици ширум светот, меѓу кои и пожарите во Австралија и во Америка.

Најголем пораст на температурата во светот е забележан во источните региони на Русија, Скандинавија и Канада. Се наведува дека температурата во јануари таму била 5 степени над просекот. Натпросечна температура е измерена и во Арктичкото Море и на Антарктикот.

Научниците во националните информативни центри за животна средина имаат исто мислење – 2020 година ќе биде една од петте најтопли откако се води евиденција.