• 28/09/2020

Ова е мандат за спроведување на излегувањето на Велика Британија од Европската Унија до 31 јануари без ‘но‘ и ‘ако‘“, кажа Џонсон

 Ова е мандат за спроведување на излегувањето на Велика Британија од Европската Унија до 31 јануари без ‘но‘ и ‘ако‘“, кажа Џонсон
loading...
Advertisement

Борис Џонсон кажа дека ќе работи дење и ноќе за да ја оправда довербата на гласачите откако ги предводеше конзервативците до „историска“ победа на вчерашните парламентарни избори во Велика Британија.

Тој ќе се врати на премиерската функција со зголемена моќ, бидејќи, според сегашната состојба, неговата партија ќе има мнозинство од 76 пратеници во парламентот.

„Ова е мандат за спроведување на излегувањето на Велика Британија од Европската Унија до 31 јануари без ‘но‘ и ‘ако‘“, кажа Џонсон.

Џереми Корбин изјави дека на следните избори нема да биде лидер на лабуристите откако тие беа поразени во некои свои традиционални средини.

„Успеавме, ова е нов почеток за земјата. Ќе работам и дење и ноќе за да ја остварам мојата мисија. Луѓето сакаа промена и не смееме да ги разочараме“, додаде Џонсон.

Според нецелосните резултати, конзервативците ќе имаат 364 пратеници, наспроти 203 на лабуристите. Шкотската народна партија освои 48 места, а либералдемократите 11. Ова значи дека конзервативците ќе имаат најголемо мнозинство во парламентот од победата на Маргарет Тачер во 1987 година.