Ова е најлоша економска криза во историјата: Коронавирусот ја предизвика мајката на сите рецесии

Ова е најлоша економска криза во историјата: Коронавирусот ја предизвика мајката на сите рецесии

Ситуацијата само ќе се влошува, а најмногу на удар се Европа и САД, предупредуваат експертите.

Пандемијата на коронавирусот веќе ја турна светската економија во рецесија, соопштила кредитната агенција S&P Global, која се занимава со проценување на кредитната способност на државите и компаниите ширум планетата. 

Во соопштението се наведува дека смртоносниот вирус веќе ја потресол светската економија многу повеќе од тоа што се мислело на почетокот.

Остар пад

Ситуацијата само ќе се влошува, а најмногу на удар се Европа и САД.

“Почетните податоци од Кина укажуваат на тоа дека нејзината економија е погодена многу повеќе од тоа што е проектирано. Америка и Европа ги следи слична ситуација бидејќи се засилуваат рестрикциите во економските односи меѓу луѓето, што ќе доведе до остар пад во вториот квартал, пред да почне закрепнувањето, како што се очекува, кон крајот на годината”, тврди Пол Груенвалд, главен економист во S&P global.

Истовремено, претседателот на Институтот за светска економија од Кил, Габриел Фалбермајер, очекува дека пандемијата ќе предизвика рецесија која ќе биде “мајка на сите рецесии”.

Тој за економскиот дневник “Ханделсблат” рекол дека кризата поради вирусот ќе предизвика тешка рецесија на германската економија.

“Стравувам дека оваа рецесија би можела да биде мајка на сите рецесии”, предупредил тој.

Пад на берзите

Ако економската активност во Германија се преполови еден месец, тоа ја чини државата четири проценти од економскиот раст годишно, а во случај да бидат два месеци, ќе ја чини 8 проценти раст, објаснува тој.

Такво нешто, смета тоа, досега не е видено во период без војна. Многу експерти додаваат дека ова е почеток на најголемата економска криза во историјата, многу полоша од славната Голема депресија во 30-тите години.

Во последните 2 недели светските берзи доживеале најголем пад уште од избивањето на светската економска криза во 2008-ма, иако последните денови дошло неочекувано подобрување.

извор:Точка


Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds