Ова е највисокото двро во светот, знаете колку е високо

Хиперионот е откриен август 2006 година од страна на двајца научници, Крист Аткинс и Мајкл Тејлор во доста зафрлен дел во Националниот и државен парк Редвуд во Калифорнија.

Се верува дека е стар околу 700-800 години.

За да успеат точно да ја измерат висината на Хиперионот, научниците морале да користат многу комплицирана метода, да се качат до самиот врв на дрвото и да спуштат коноп до земјата. На овој начин измерено е дека Хиперионот е висок 115,61 метар, со што заслужил титула за највисоко дрво во светот.

Истражувачите веруваат дека дрвото можело да биде и повисоко од 116 метри, но поради штетата направена од птици, неговиот врв моментално е застанат на 116 метри.

Иако и неколку други дрва биле повисоки од ова, повеќето од нив биле жртва на расшумивање на регионот Ретвуд во средина на 60-те. Поточно повеќе од 90% државни дрвени шуми е исечено 1978 година, кога тој простор е припоен на Националниот парк.

Луѓе тврдат дека илјадници дрва меѓу кои имало и повисоки од Хиперионот, сечени се дваесетичетири часа со пили, седум дена во неделата од 1960 до 1970 година

Како што е случајот со многу ретките дрва, нивната точна локација е тајна и само три групи на луѓе можеле да ги пронајдат.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds