Ова не се гледа ни на филмови: Метро излетало од шини, нема да верувате што спречило трагедија

 Ова не се гледа ни на филмови: Метро излетало од шини, нема да верувате што спречило трагедија

Од пад во таа висина и влетување во река, го спасил споменик во облик опашка од кит.

Тешка несреќа во Холандија е избегната со некое чудо. Метрото во холандскиот град Спијкенисе во близина на Ротердам излетало од шините, ја пробило заштитната бариера на висина од речиси осум метри и за среќа се сопрело на споменик. 

Инцидентот се случил на станицата Де Акерс.

Во композицијата за среќа немало патници, но возачот останал неповреден само благодарение на споменикот.

Како што се гледа на фотографиите и снимките од местото на несреќата, метрото ја пробило заштитната ограда на платформата со висина од околу 8 метри.

Од пад во таа висина и влетување во река, го спасил споменик во облик опашка од кит.

Во инцидентот биле уништени неколку вагони, а градските власти сега се обидуваат да најдат начин како да ја отстранат композицијата од споменикот.