Ова се ПРВИТЕ фотографии од сообраќајната несреќа во Хрватска

Ова се ПРВИТЕ фотографии од сообраќајната несреќа во Хрватска

Во сообраќајната несреќа што се случи утринава во 5 часот и 40 минути на автопатот А4 во правец кон Загреб, меѓу Јарек Бисаски и Подворец, загинаа најмалку 11 лица, а повеќе од 20 се тешко повредени. Како што пишува Вечерњи лист, повикувајќи се на извор од полицијата, несреќата се случила кога автобус со полски таблици излетал од патот.

1/1 Teška prometna nesreća na A4 kod Brezničkog Huma. U slijetanju autobusa poljskih reg oznaka, prema prvim informacijama s terena, poginulo je 11 osoba, a nekoliko je ozlijeđeno.

— MUP-RH (@mup_rh) August 6, 2022

На терен има повеќе екипи на Брза помош и пожарникари. Поради несреќата сообраќајот на овој дел од патот се одвива по една коловозна лента.

Една од најтешките сообраќајни несреќи во Хрватска.

Станува збор за една од најтешките сообраќајни несреќи во Хрватска. Четиринаесет словачки туристи загинаа во септември 2008 година на автопатот А1. Возачот заспал, а автобусот удрил во бетонската потпора на надвозникот. Тогаш беа повредени триесетина патници.

Десет лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот кај Славонски Брод минатата година. Автобус со косовски регистарски таблички кој сообраќал од Франкфурт кон Приштина излетал од патот.

Во јуни 2012 година, осум чешки туристи загинаа, а 44 лица беа тешко и полесно повредени во близина на тунелот Крпани на автопатот Загреб-Сплит, кога автобусот излетал од патот, удрил во ограда и столб и се превртел.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds