Ова се трите најлајкувани објави на Инстаграм за 2021 година

 Ова се трите најлајкувани објави на Инстаграм за 2021 година

Објавено е кои објави на Инстаграм во 2021 година биле најмногу лајкувани, пренесува „E! Online“.

Фотографијата со која Кристијано Роналдо и Георгина Родригез објавија дека очекуваат близнаци, од октомври собра повеќе од 32 милиони лајкови.

„Пресреќни сме што можеме да објавиме дека очекуваме близнаци. Нашите срца се полни со љубов, едвај чекаме да ве запознаеме“, напиша познатиот фудбалер во објавата на која со Џорџина  држат фотографија од ултразвук.

Втората објава со најмногу лајкови е фотографиите од венчавката на Аријана Гранде, која доби 26 милиони лајкови.

На третото место е видеото што го објави Кајли Џенер, во кое ги информира фановите дека е бремена. Тоа видео е прегледано 154 милиони пати и има 24 милиони лајкови.

x