Ова се турските ММА борци кои спасиле баба и полицаец од сигурна смрт во нападот во Виена

 Ова се турските ММА борци кои спасиле баба и полицаец од сигурна смрт во нападот во Виена

Двајца турски ММА борци кои живеат во Виена преку ноќ станаа тема во медиумите поради нивната храброст да „скокнат“ во помош на ѓена и полицаец во тек на смртоносен терористички напад.

Макаил Озен и Реџеп Гултекин, како што пренесуваат австриските медиуми, на кратко се појавуваат во видео снимка.

На видео снимката се слуша како Озен вика на турски јазик „засолни се“, додека се обидувале да се засолнат зад бетонскиот влез во метрото. Во тој момент куршумите летаат околу нивните глави цело време.

„Жената одеше пеш кон местото каде што започна судирот. Кога ја видовме, ја запревме и ја спуштивме по скалите. Ја однесовме на безбедно. Потоа се вративме, и видов ранет полицаец”, изјави Озен за еден турски весник.

Во истиот момент полицијата веќе трчала кон станицата.

„Отидовме до кордонот на полицијата и им кажавме за терористите, еден од нив имаше марама околу главата и пушка. Беа само 5 метри оддалечени од нас“, велат ММА борците.