Ова земја не војувала 200 години, а планира милијарди за нови борбени авиони

Ова земја не војувала 200 години, а планира милијарди за нови борбени авиони

Властите на Швајцарија најавија дека планираат да потрошат милијарди на нови борбени авиони, и покрај тоа што оваа земја повеќе од 200 години нема војувана со никого.

Најавата предизвика жестоки реакции. Граѓаните велат дека нема потреба од толку трошоци.

Застарената швајцарска флота излегува од употреба во 2030 година, а ќе биде заменета за нова за која се планира да се потрошат шест милијарди швајцарски франци.

Што мислат за ова, граѓаните ќе се изјаснуваат на референдум кој ќе се одржи на 28 септември.

Инаку пред шест години граѓаните одбија купување на авиони од шведскиот производител „Грипен“.

Изборот сега треба да падне на „Еурофајтер“ од компанијата „Ербас“, или „Локед Мартин Ф-35 Лајтинг 2“.

Пратеничката на левите социјалдемократи Приска Зејлер Град оваа одлука ја нарече „апсурдна“, сметајќи дека нема кој да нападне членка на НАТО.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds