ОВАА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА ВОВЕДУВА КОРОНА ТЕСТ ИЛИ СЕРТИФИКАТ – еве кои патници се опфатени!

ОВАА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА ВОВЕДУВА КОРОНА ТЕСТ ИЛИ СЕРТИФИКАТ – еве кои патници се опфатени!

Шпанската Влада денеска објави дека воведува контрола за Ковид-19 на аеродромите за патници од Кина.

Шпанската министерка за здравство Каролина Даријас рече дека од патниците кои доаѓаат од Кина ќе биде побарано да достават доказ дека се негативни или целосно вакцинирани.

Кина неодамна ги укина мерките што ја држеа земјата во изолација речиси три години и минатата недела ги објави плановите да продолжи со издавање пасоши и визи за патување во странство. Кина престана да издава туристички визи и пасоши на своите граѓани на почетокот на пандемијата „Ковид-19“ на почетокот на 2020 година.

Укинувањето на забраната за патување може да значи дека многу Кинези ќе патуваат во странство за лунарната Нова година во јануари, што ќе предизвика загриженост за можното ширење на вирусот.

По укинувањето на рестрикциите во Кина на почетокот на овој месец, бројот на заразени со корона вирусот почна да расте.

Контролите на Ковид за патниците од Кина веќе ги воведоа Јапонија, Индија, Италија, Јужна Кореја и Тајван, а САД во средата објавија дека тестовите за Ковид ќе бидат задолжителни за сите патници од Кина од 5 јануари.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy