Оваа куќичка е долга само 6 метри, а нема да верувате што СЕ СОБИРА во неа

 Оваа куќичка е долга само 6 метри, а нема да верувате што СЕ СОБИРА во неа

Докторката Лорен од Нов Зеланд ја изненади јавноста кога наместо луксузна куќа, се одлучи за мала како би можела да го обиколи светот

Верувале или не, нејзиниот дом е широк само 2,5 метри и долг 6 метри. Иако изгледа мало, во неа собира се што ви треба.

Куќичката е направена од јапонски кедар, дрво кое „дише“, има многу прозорци што овозможуваат голема количина светлина во домот.

Интересно е и тоа што оваа докторка со синџири ја „врзала“ куќата на земја, бидејќи ја предупредиле дека местото е ветровито, па се плашеле дека ветрот ќе ја сруши.

Не грижете се, бидејќи куќата има бања, кујна, но и подигнат кревет. Внатре има дури и растенија, а sидовите се бели.

– Избрав ваква куќа затоа што можам да го земам мојот дом со мене. Покрај тоа, вака сум повеќе во природа. Еве, моментално среде лозје – изјави Лорен.

Ако сте сонувале да имате топол дом, тогаш тоа е дефинитивно оваа куќичка.

>
>