
Падна авион во Хрватска или експлодираше плин? (ВИДЕО)
Силен тресок во четвртокот нешто по 23 часот преплаши дел од загрепчани кај Јарун, а полицијата проверува за што се работи.
На социјалните мрежи се шират различни информации – од тоа дека нешто паднало од небото, па макар и мало летало или сателит, до тоа дека се работи за експлозија на гас, а се известува дека се шири необична и силна смрдеа.
„НЕШТО ПАДНА ОД НЕБОТО НА ДВА МЕТРИ ОД МЕНЕ, СÈ УШТЕ СУМ ВО ШОК…“
Од местото на настанот се јавил репортерот на ТВ „Дневник Нова“, кoј рекол дека „се уште не се знае точно за што се работи бидејќи истрагата е во тек, а формиран е и голем кратер“.
Од местото на настанот се јавил репортерот на ТВ „Дневник Нова“, кoј рекол дека „се уште не се знае точно за што се работи бидејќи истрагата е во тек, а формиран е и голем кратер“.