• 19/09/2020

Панел дискусија на ЦИВИЛ: Слободни избори наспроти црна пропаганда

 Панел дискусија на ЦИВИЛ: Слободни избори наспроти црна пропаганда
loading...
Advertisement

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Слободни избори наспроти црна пропаганда“ денеска, 13 февруари, во хотел Сити Парк (кај општина Центар), со почеток во 12 часот. Учесници на панелот се Славјанка Петровска, Заменик-министерка за внатрешни работи, Марјан Забрчанец, Национален координатор за стратегиски комуникации во Владата на РСМ и Јасна Бачовска, универзитетска професорка. Модератор на панел дискусијата ќе биде Џабир Дерала, Претседател на ЦИВИЛ.

Како црната пропаганда влијае врз условите за одржување слободни избори? Што треба и што можат да направат Владата и релевантните институции, а што граѓанското општество во борбата против црната пропаганда, лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата? Што е црна пропаганда? Што се хибридни закани врз демократијата? Со кои предизвици се соочува Северна Македонија? Кои се искуствата на нашата земја со црната пропаганда и хибридните закани врз демократијата?

Настанот е од отворен карактер.