Панел дискусија за (не)прифатеноста на лицата со посебни потреби во  општеството

Панел дискусија за (не)прифатеноста на лицата со посебни потреби во општеството

ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, 3 декември, организира панел дискусијата под наслов „Рампа“, посветена на (не)прифатеноста на лицата со посебни потреби во општеството, како и на процесите за деинституционализација и пристапноста до услугите од институциите на локално и на национално ниво. Панел дискусијата се одржува на 3 декември, во Музеј на Град Скопје со почеток во 12 часот.

Панелисти на оваа исклучително важна тема се Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје, Душан Томшиќ и Вангел Тркаљанов од Министерството за труд и социјална политика, Благица Димитровска од Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, Куманово и Џабир Дерала, ЦИВИЛ.

Оваа година, ЦИВИЛ одбележува 20 години од основањето, време исполнето со искрена и посветена борба за човекови права и слободи. Имено, првиот проект и јавен настап на ЦИВИЛ пред 20 години е поврзан токму со човековите права на лицата со посебни потреби, како и со поставување на првата пристапна рампа во јавна институција, а тоа беше Музејот на Град Скопје.

ЦИВИЛ Тим за комуникации