• 22/09/2020

Панел дискусија за приближување на претпристапните преговори за членство во ЕУ кон граѓаните

 Панел дискусија за приближување на претпристапните преговори за членство во ЕУ кон граѓаните
loading...
Advertisement

Европското движење во Македонија (ЕММК), на 10 декември, во Охрид, организира панел дискусија чија цел е приближување на претпристапните преговори за членство во Европската унија кон граѓаните.

-Имајќи предвид дека Македонија е во финална фаза од подготовките за отпочнување на претпристапните преговори би сакале да ги споделиме резултатите од нашите досегашни истражувања со граѓаните на Општина Охрид и Југозападниот плански регион. Со оглед на сознанието за посебната улога на туризмот и културното наследство во овој регион дискусијата ќе биде насочена во правец на идентификување на развојните фактори и на овој значаен сегмент од Поглавјето 26 на претпристапние преговори. – велат организаторите.

Посебна цел дискусијата, како што е најавено, е афирмацијата на европските инцијативи за потесна соработка на локалните власти, граѓанските здруженија и другите релевантни чинители во развојните процеси.

-Очекуваме јавна и отворена дебата која ќе даде значаен придонес во поставувањето на виталните прашања во преземање на нови инцијативи за приближување кон Европската унија, истакнуваат организаторите.

Панел дискусијата е дел од активностите на проектот „Граѓанските организации во служба на демократијата“ финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми, а е спроведуван од: Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење (ЕД).

Извор:OhridNews