Папагал му го спаси животот на својот сопственик: Избувнал пожар, а тој…

 Папагал му го спаси животот на својот сопственик: Избувнал пожар, а тој…

Австралиец тврди дека успеал да го преживее пожарот што избувнал во неговиот дом, само затоа што навреме бил разбуден од неговиот папагал.

Како што јави „Скај њуз“, папагалот Ерик го повикал својот сопственик по име пред да се вклучат детекторите за чад.

Антон Нгујен спиел во својата двокатна куќа во Бризбејн кога таа се запалила. Како што вели, неговото милениче го разбудило кога почувствувало чад во куќата. Потоа, тој го зел папагалот и погледна кон задниот дел од куќата. Кога видел дека е зафатен од пламен, веднаш истрчал надвор.

Кога пристигнале пожарникарите, пожарот веќе ја зафатил целата куќа. Пожарот е изгаснат за еден час, а во акцијата учествувале четири противпожарни екипи. Причините за пожарот сè уште не се познати, а истрагата е во тек.

Антон Нгујен живее сам. Тој не е повреден во немилиот настан.