Папата потпишал писмо за оставка во случај на лошо здравје

Папата потпишал писмо за оставка во случај на лошо здравје

Папата Фрациск во интервјуто објавено од шпанскиот весник ABC откри дека во 2013 година, откако бил избран, потпишал писмо за откажување во случај да биде спречен да ја извршува папската должност поради сериозни и трајни здравствени проблеми.

Папата Фрациск, кој во саботата наполни 86 години и се чини дека е во добра здравствена состојба, освен што има проблем со коленото, рече дека писмото му го предал на тогашниот државен секретар на Ватикан, Тарчисио Бертоне.

Бертоне служеше за време на неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти и остана на таа позиција уште шест месеци по изборот на папата Фрациск на 13 март 2013 година.

Фрациск често велеше дека ќе се повлече ако нарушено здравје го спречи да ја води Римокатоличката црква, која има 1,3 милијарди верници.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy