• 26/09/2020

Патниците од Милано и Тревизо ќе пополнуваат прашалници

 Патниците од Милано и Тревизо ќе пополнуваат прашалници
loading...
Advertisement

Патниците кои од денес ќе пристигнуваат со авионите на „Визер“ од Милано и Тревизо на скопскиот и охридскиот аеродром, ќе треба да пополнат здравствена локатор карта, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Патниците ќе ги пополнуваат прашалниците во авион, при што ќе остават податоци со адреса и доколку во некој период се јави патник со симптоми на коронавирус, ќе биде лесно за надлежните да ги најдат сопатниците кои седеле неколку реда пред и зад неговото седиште.

Министерот додаде дека во последното деноноќие нема нови пријавени пациенти за тестирање за короноавирус.

Извор:OhridNews