• 23/09/2020

Патот преку Галичица затворен за сообраќај

 Патот преку Галичица затворен за сообраќај
loading...
Advertisement

Патниот правец Р-2332 од Трпејца до Отешево кој минува низ Националниот парк Галичица, и оваа зима, како и изминатите три децении, ќе биде затворен за сообраќај до 1 април за сите видови возила. Користењето на овој патен правец е забрането и се казнува. Единствено од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да соообраќаат само до месноста “Kорита”, се разбира доколку нема пообилни врнежи од снег.

Надлежните служби задолжени за одржување на патиштата децении наназад уверуваат дека не постои економска оправданост да се одржува овој патен правец во зима бидејќи многу малку се користи. Велат дека тој е небезбеден и сериозно оштетен, а за да се поправи потребна е голема инвестиција.

Општина Охрид најави дека се подготвува план кој ќе биде изложен пред државните институции со цел регионалниот пат преку планината Галичица да биде ставен во функција и преку зимата, но засега од тоа нема ништо.

Изминатите години се поголем е бројот на туристи кои во Охрид доаѓаат заради убавините на Галичица, што е причина повеќе надлежните институции конечно да изнајдат решение за одржливо искористивање на природните потенцијали на оваа планина, која освен со убавина фасцинира со богатиот биодиверзитет и ендемичност.

Г.М.

Извор:OhridNews