Паузираат тестирањата за оксфордската вакцина против ковид-19

Паузираат тестирањата за оксфордската вакцина против ковид-19

Ставена е на пауза завршното тестирање на вакцината против ковид-19 што ја развиваат Универзитетот во Оксфорд и фармацевтската компанија „АстраЗенека“, бидејќи кај еден од учесниците се појавила неповолна реакција.

Компанијата ја опиша реакцијата како необјаснива болест и засега не е јасно за што точно станува збор.

Оваа вакцина влезе во трета фаза на испитувањата и важи за една од најнапредните од десетиците кои во моментов се развиваат низ светот

Од „АстраЗенека“ велат дека во вакви големи истражувања, некогаш и случајно се случуваат болести кај пациентите. Тие најавуваат дека податоците од нивните тестирања ќе бидат анализирани од независни тела, по што ќе се утврди што точно се случило.

Додаваат дека суспендирањето на теситрањата е рутинска постапка која мора да се преземе кога ќе се појави необјаснива болест на некое од клиничките испитувања.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds