Пазарот за криптовалути се опоравува – биткоинот се врати на цена од 50 илјади долари

 Пазарот за криптовалути се опоравува – биткоинот се врати на цена од 50 илјади долари

Со Биткоинот денеска околу 10 часот се тргуваше по цена од 50.042 долари, според „CoinDesk“, што претставува раст од околу три проценти во споредба со вчерашната цена од 47.875 долари.

Тоа е многу близу до стапките на раст што ги забележа најпопуларната криптовалута пред еден месец, кога вредноста на биткоинот достигна историски рекорд од 62.830 долари.

Во последните два дена скоро сите популарни крипто-валути имаа силен пад на цената, за што аналитичарите се сомневаат дека е последица на предлогот на американскиот претседател Џо Бајден за воведување данок на капитална добивка од 39,6 проценти.

Од друга страна, ваквите флуктуации на цените на криптовалутите се чести, велат аналитичарите.

>
>