Пендаровски: Нема потреба од нова вонредна состојба

Пендаровски: Нема потреба од нова вонредна состојба

Претседателот Стево Пендаровски во обраќањето до јавноста кое е во тек кажа дека во овој момент нема потреба од прогласување вонредна состојба.

Тој објасни дека сите досегашни вонредни состојби беа на предлог на Владата и по консултации на седница на Советот за безбедност со цел борба против ефектите од пандемијата во социјалната и здравствената сфера. Но, како што кажа Пендаровски, претседателот на државата може да прогласи вонредна состојба и без барање од Владата и тоа е овозможено со Уставот.  

„Сметам дека во овој момент нема потреба да прогласам нова вонредна состојба. Има доволно количини медицинска опрема и донесени мерки во економијата за кои има средства во буџетот“, рече Пендаровски.

Според него, погрешна е и споредбата со претходните вонредни состојби од аспект на бројот на заразени и починати тогаш и сега, бидејќи вонредна состојба не беше воведена од тие причини. А за другите мерки, вклучувајќи и полициски час, има законска регулатива и нема потреба од вонредна состојба.

Пендаровски додаде и дека се погрешни толкувањата дека вонредната состојба има врска со датумот за избори, бидејќи, како што рече, избори може да има и за време на вонредна состојба.  

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds