
Пентагон тестира забранета балистичка ракета
Пентагон изврши пробен лет на балистичка ракета од типот воздух-земја, забранета со спогодбата од која годинава се откажаа и Соединетите држави и Русија. Пентагон одби да објави детали, наведувајќи само дека ракетата била лансирана од статична лансирна платформа во воздухопловната база Вандерберг во Калифорнија и оти паднала во Тихиот океан. Прецизирано е и тоа дека балистичката ракета прелетала над 800 километри. Овој тест е извршен во време на интензивирање на неизвесноста околу иднината на контролата на оружјето меѓу САД и Русија.