• 28/09/2020

Пензионерите ги попрваат скршените клупи во Струга

 Пензионерите ги попрваат скршените клупи во Струга
loading...
Advertisement

Кога пензионерите ќе се здружат и кога имаат идеја да реализираат некаква активност,тогаш работата се знае дека на најдобар начин ќе биде завршена.

Така се случи и со една група на пензионери од Струга,која и покрај пандемијата со корона вирусот што владее,сепак,реши да разубави еден мал дел од градот,што се чуствува оваа туристичка сезона.Имено,за што се работи?

По иницијатива на пензионерот дипл.инж.Трајче Пљушкоски се собраа една група на струшки пензионери и пред плажата на „Галеб“презеде акција со која беше извршена поправка на скршените и дотраени делови на клупите за починка што се дел од овој простор.

Пензионерите со чуство на љубов кон градот,а со цел да го подобрат ликот на овој дел од туристичка Струга собраа свои средства и нежалејќи време и труд,поминаа од зборови на дело.Скршените и дотраени делови од клупите здружено беа поправени и исфарбани,беа заменети и дотраените делови,така што со обновата на повеќето од нив,се создадоа пријатни услови,туристите и граѓаните,во овој дел да најдат пријатно катче за одмор и разговор.


Нашата акција и активности потекнаа спонтано,но затоа го привлече вниманието на еден број струшки пензионери,кои ни се приклучија,истакнува нашиот соговорник иницијаторот Трајче Плушкоски,кој уште додава.

Но,ние нема да застанеме тука,туку напротив,бидејќи имаме доволно слободно време,а и желба нашата Струга туристичкаи да биде убаво уредена,планираме да преземеме вакви и слични активности и акции и во други делови на градот во иднина.

Со тоа ќе ги потикнеме нашите колеги и пензионери и тие да учествуваат и да организираат вакви и слични активности за доброто на сите…
Ова е многу добар и поучен пример дека кога се сака нешто да се преземе за подобрувањето на нашиот живот,тогаш може да се најдат и учесници,но и да се присоберат средства за реализацијата на замислената идеја…Примерот од Струга е е за поздравување и истакнување вели претседателот на ЗП Струга Милорад Трпоски,кој на членовите од Извршниот одбор ќе предложи оваа иницијатива ако продолжи ЗП Струга,матерјално да ја помогне.
Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ