Пет малолетници затекнати во питачење во Струга, соодветни пријави за родителите

 Пет малолетници затекнати во питачење во Струга, соодветни пријави за родителите

Пет малолетници се затекнати во питачење низ струшката ;аршија во акцијата на Центарот за социјални работи, полицијата и Општина Струга.

Директорот на Центарот за социјални работи Мехмед Халили за МИА информира дека питачите се тргнати од улица, а против родителите полицијата поднела соодветни пријави.

-Претставници на Центарот, полицијата и Општина Струга во две заеднчки акции, затекнаа пет малолетници што питачат. Децата се тргнати од улица, родителите се предупредени и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира Халили.

Питачите, посочи директорот, доаѓале од други градови и додаде оти лица од Струга и струшко не се затекнати во питачење.

-Родителите ги оставаат децата на влезот од Струга да одат да питачат, а тие собираат и откупуваат старо железо. Питачењето низ струшките улици и чаршијата остава лоша слика за градот, како за жителите, така и за многубројните гости и туристи, додаде Халили.

Во рамките на акцијата, според него, биле извршени контроли и низ кафулињата, каде било посочено да не се служи алкохол на малолетници.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека изминатите два месеци направени се 10-тина контроли со цел сузбивање на питачењето низ струшките улици и оти против затекнатите лица изречени се соодветни пријави согласно законските одредби.

-ОВР Струга во рамките на акциските котроли има извршено посебни контроли на приватни лица, кои издаваат сместување на лица што питачат, каде биле затекнати неколку возрасни лица и малолентици. Против станоиздавачите се поднесени соодветни пријави, изјави Димоски за МИА.

Проблемот со питачењето во Струга години наназад се провлекува низ институциите, поради немањето простор за сместување на питачите, кои по многуте акции на полицијата за нивно отстранување повторно се враќаат во градот. Лицата, кои питачат низ Струшките улици, најчесто немаат точно живеалиште, а најголем број се од Битола, Скопје и Штип. сс/сст/

>
>