Пет придобивки од лубеницата: Вкусна и сочна, таа е вистински извор на минерали и витамини

Пет придобивки од лубеницата: Вкусна и сочна, таа е вистински извор на минерали и витамини

Еден од сигурните знаци дека летото доаѓа наскоро, покрај долгите и топли денови, се и лубениците. Скоро сите ги обожаваме, особено кога се ладни, бидејќи се вистинско слатко освежување.

Лубениците имаат значително помалку шеќер во споредба со другите зеленчуци, а, покрај тоа, се богати со витамини А, Ц и Е, минерали и антиоксиданси.

Иако често велиме дека е овошје, всушност е зеленчук и припаѓа на семејството на тикви. Поради хранливите состојки што ги содржи, има бројни придобивки за нашето здравје, кои можете да ги дознаете во продолжение.

Ја хидрира кожата
Не е тајна дека лубеницата содржи висока концентрација на вода, поради што делува освежувачки на организмот. Покрај тоа, витамините Е и Ц имаат и хидрантни придобивки. Додека витаминот Е е познат по своите импресивни хидратантни својства, се покажа дека витаминот Ц истовремено ја намалува загубата на влага. Едноставно кажано, витаминот Е обезбедува влажност, додека витаминот Ц помага да се „заклучи“ во кожата.

Добар антиоксиданс
Лубеницата е добар извор на антиоксиданси, пред се витамин Ц, витамин А, бета-каротин, како и соединенија од групата каротеноиди-ликопен. Овие моќни антиоксиданси ги неутрализираат слободните радикали, кои можат да предизвикаат бројни штетни трансформации.

Го стимулира варењето
Лубеницата има висока содржина на вода, а содржи и влакна. Овие хранливи материи помагаат во одржувањето на здравјето на цревата со спречување на запек и поттикнување на правилно движење на дебелото црево.

Го ублажува воспалението на мускулите
Во една студија од 2017 година, спортистите два часа пред да истрчаат полумаратон пиеле – едни половина литар плацебо сок, други иста количина сок од лубеница со додаток на Л-цитрулин. Оние кои конзумирале пијалок од лубеница пријавиле мала болка во мускулите 24-72 часа по трката.

Добро е за здравјето на срцето
Ликопенот, кој го содржи ова светло црвено овошје, може да помогне во стабилизирање на крвниот притисок. Исто така, може да го намали холестеролот и да помогне во одржувањето на нашите артерии здрави.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy