Петгодишно дете нападнато од кучиња скитници – му нанеле тешки телесни повреди!!! (ВИДЕО)

 Петгодишно дете нападнато од кучиња скитници – му нанеле тешки телесни повреди!!! (ВИДЕО)

Петгодишно дете од Речица во Тетово е нападнато од кучиња скитници пред неговата куќа. Детето си играло со браќата пред вратата од куќата, кога одеднаш било нападнато од глутница кучиња скитници, кои го искасале и му нанеле тешки телесни повреди. Неговата мајка Ваљбона Мемети  раскажува за ужасот кога влегла меѓу кучињата за да го земе детето.

„Кога излегов надвор, имаше многу кучиња, 20, 30, не знам колку, ним им реков влезете внатре. Потоа излезе и една жена комшивка и еден маж. Тие излегоа со стап и потоа само видов  дека ми се ослободи патот од кучињата. Го фатив и кога го донесов дома видов дека главата му е расцепена на три места. И на телото имаше  рани, увото, рацете, нозете, грбот. Ваков стрес не сум имала никогаш“, истакна Ваљбона Мемети.

Потоа Адријан  е испратен во клиничката болница во Тетово каде му  е  пружена прва помош. Му биле сошиени раните на главата, лицето и во близина на увото и окото.

„Потоа  кога го испративме, на почеток не ни видоа што има момчето. Потоа ни рекоа дали може да го кренеш. Не, треба да го однесеш на петти кат, едвај се убедија да го видат. Потоа го одведоа  во една друга соба и таму почнаа да го шијат“, додава Мемети.

-Има многу рани?

„Да, многу, веѓата, образот и на три места на главата. Над 10цм не знам и јас, не бев свесна, само го видов дека има голема рана“, одговара Мемети.

Ваљбона вели дека во болница му дале вакцина и инфузија а за инјекција против беснило и рекле дека треба да прими во Скопје.

„Една вакцина му дадоа, инфузија му дадоа, но требаше и друга вакцина, секако требаше да го пратиме во Скопје. Требаше секако да одиме во Скопје и отидовме, ни рекоа дека не можат да направат ништо“, посочи Ваљбона Мемети.

Во полицискиот извештај се вели дека  за 24 часа имало три напади врз граѓани од кучиња скитници, еден во Гостивар и дева во Тетово.

Ветеринарот Рами Селмани кој се занимава со кастрација и операција на кучиња во тетово, сега за еден и пол месец не оперирал ниедно куче, бидејќи како што вели завршил тендерот за третирање кучиња скитници.

„Тендерот веќе еден месец е завршен и состојбата се стабилизираше во Тетово, а гледаме овие две недели се собраа кучиња насекаде, Има по 10, 15 кучиња. Ова покажува дека се врши транспорт на кучиња. Кучињата седеа заедно за да штитат територија, во секој момент можат да нападнат и тоа  претставува опасност во моментов во Тетово“, вели Рами Селмани.

Од Општина Тетово велат дека во текот на 2021 издвоени се 3 милиони денари за третирање на кучиња скитници.

„Ќе се издвојат дополнителни средства, но овој проблем треба да се реши на републичко ниво а за жал денеска се случи напад врз петгодишно дете од Мала Речица. Од УНДП во моментов е побарана компанија со искуство во оваа област и сега за сега се работи на документацијата за изградба на регионален центар за прибирање кучиња скитници“, велат од општина Тетово.

Третирањето кучиња скитници честопати е тема на дебати меѓу општините. Се вели дека кучињата скитници се носат и од други градови, но до сега во полиција нема ниедна пријава дека некој граѓанин пуштил куче скитник.

Извор:mk.tv21.tv

x