• 28/09/2020

Петмина повредени во две сообраќајни несреќи на магистралата Охрид – Кичево

 Петмина повредени во две сообраќајни несреќи на магистралата Охрид – Кичево
loading...
Advertisement

Пет лица се повредени во две одделни сообраќајни незгоди што попладнево се случија на патниот правец Охрид – Кичево, каде во тек е изградба на автопат.

Во првата несреќа која се случи кај селото Песочан, од засега непознати причини дошло до судар на две патнички возила, при што со повреди се здобиле 4 лица. Тие се пренесени во специјализираната болница „Св. Еразмо“ и во Општата болница во Охрид.

Поради незгодата патот Охрид – Кичево кај Песочан е во целосен прекин, аколони од возила има во двата правци. По завршување на увидот кој е во тек полицијата ќе започне со наизменично пропуштање на возилата во двата правци, информира СВР Охрид.

Во втората незгода, што исто така се случи попладнево во близина на Мауцкер, се преврте товарно возило од фирма ангажирана на изградба на автопатот. Со лесни повреди се здобил возачот на камионот.

Ова е трета сообраќајна несреќа за 24 часа на патниот правец Охрид – Кичево, каде вчера дојде до директен судар помеѓу автомобил и камион кај селото Сливово, при што со тешки телесни повреди се здоби едно лице.

извор:OhridNews