Петмина повредени во инцидент со пукање во парк во Тексас

 Петмина повредени во инцидент со пукање во парк во Тексас

Пет лица се повредени во инцидент со пукање во парк во градот Форт Ворт, Тексас, јави Си-Ен-Ен.

За време на инцидентот во паркот имало околу 600 луѓе. Полициските службеници кои се нашле на местото на пукањето, петмината повредени ги однеле во болница.

Полицијата соопшти дека три лица се здобиле со полесни повреди, додека две се во критична состојба. Во соопштението не се посочени детали за жртвите или можните осомничени лица во нападот.

x