Петмина загинати, еден се бори за живот во хеликоптерска несреќа на Алпите

Пет луѓе загинаа, а едно се бори за живот во хеликоптерската несреќа која над француските Алпи. Билансот го објави францускиот претседател, Емануел Макрон.
Хеликоптерот превезувал спасувачка екипа која била на обука, а се урнал на висина од 1.800 метри.
Еден од пилотите ја активирал функцијата за исфрлање на седиштето и ги информирал властите за несреќата.
Во хеликоптерот летале еден пилот, двајца техничари и двајца спасувачи на планина. Властите испратија три хеликоптери, но и тие не можат да пристапат до местото на несреќата поради густата магла. Спасувачките екипи се обидуваат да пристигнат и по копно.