Pfizer: Ова е голем ден за човештвото,нашата вакцина има 90% ефикасност

 Pfizer: Ова е голем ден за човештвото,нашата вакцина има 90% ефикасност

Објавени се првите привремени резултати од големата студија за ефикасноста на вакцината против коронавирус, на која работат фармацевтскиот гигант Pfizer и BioNTech.

Според производителите, вакцината е ефикасна 90%, а анализата покажала дека вакцината покажува многу подобри резултати од оние за кои се надевале експертите.

Големиот процент на испитаници кои добиле заштита од вакцината покажува многу убедливи резултати од истражувањето, пишува британски Гардијан. Имено, регулаторните агенции соопштиле дека ќе одобрат вакцина која има ефикасност од само 50%, што значи дека штити од зараза 50% од оние кои ја примиле. Производителите на оваа вакцина велат дека нема сериозни несакани ефекти.

“Денес е одличен ден за науката и за човештвото. Првиот сет на резултати од третата фаза на истражување на вакцините против ковид-19 ги докажува првичните докази за способноста на нашата вакцина да ја спречи инфекцијата со коронавирус”, изјави извршниот директор на Pfizer, др. Алберт Бурла.

„Постигнавме критична точка во развојот на вакцините во време кога на светот му се најпотребни, кога стапките на инфекции достигнуваат рекордни нивоа, болниците се блиску до пренатрупаност и економиите се обидуваат повторно да се отворат“, додаде Бурла.

Како што продолжува третата фаза од клиничкото испитување, можно е процентот на ефикасност на вакцините да се промени, но податоците за ефикасност од 90% ќе ги израдуваат не само политичарите, туку и здравствените работници.

Третата фаза од испитувањето на вакцините на Пфајзер опфатила 43.000 испитаници, а компанијата тврди дека вакцината подеднакво добро ги штити луѓето од сите етнички групи.

Собирањето податоци за безбедноста на вакцината ќе трае до третата недела од ноември, објави „Фајзер“. Овие информации потоа ќе бидат испратени до регулаторот кој треба да одобри употреба на вакцината. Брзото добивање на одобрение за ставање во промет на вакцината може да значи дека здравствените работници ќе ги добијат првите дози на вакцината до крајот на оваа година, според Гардијан.