
Пиперки полнети со сирење и компири
Полнетите пиперки навистина не мора да бидат со мелено месо. Обидете се со овој рецепт и веруваме дека ќе ги засакате повеќе.
Состојки:
Четири бабури
Еден исецкан кромид
Малку сецкан праз
Еден рендан морков
Едно чешне лук
Пет компири исецкани на коцки
150 гр сирење
Зачини и масло
Подготовка:
Најпрво запржете ги кромидот и празот, па ставете го лукот и морковот. Ставете ги компирите и оставете да се издинстаат убаво. Смесата треба да се излади. Кога е ладна, додајте го сирењето.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Полнете ги пиперките и наредете ги во сад за печење. Кога ќе ги ставите да се печат, веднаш намалете на 150 степени.
Ако ви треба храна за повеќе луѓе, зголемете ги пропоционално наведените дози.