Плажата Gjipe во Албанија е сè што ви е потребно за бегство од реалноста (фото)

 Плажата Gjipe во Албанија е сè што ви е потребно за бегство од реалноста (фото)

Сместена помеѓу туристичките плажи на Дерми и Химара, плажата Gjipe е една од највисоко оценетите плажи на ривиерата, особено затоа што е сè уште недопрено парче природа, поштедено од градежната експанзија.

Скриена помеѓу планински предел, плажата се наоѓа на крајот од истоимениот кањон. Импресивна природна карактеристика се карпестите формации на некои места кои достигнуваат дури и до 70 метри.

За да стигнете до Gjipe потребно е да пропешачите 15 до 20 минути или пак да стигнете со бротче до неа. Дури и во екот на летото, Gjipe е релативно тивко место за одмор.

Слично како и кај другите плажи на албанската ривиера, и Gjipe има топла и кристално чиста, азурна вода, а плажата ја сочинуваат ситно бели камчиња. И покрај делумната изолација, на Gjipe сепак имате можност да купите пијалаци, кафе и закуски.

Во моментов, албанската ривиера го привлекува вниманието на целиот свет, особено на Балканот, а плажата Gjipe е сè уште надвор од туристичкиот радар. Сепак, со оглед на нејзината природна убавина, вреди да се побрза и да се види овој мал рај, пред да го „нападнат“ многу туристи.

Gjipe е навистина совршено бегство од реалноста, а фотките се одличен доказ за тоа:

>
>