Пловен град ќе ги спасува Малдиви од катастрофа

 Пловен град ќе ги спасува Малдиви од катастрофа
Во време на соочување со климатските промени, Малдиви ќе добијат прв вистински пловен град наречен Maldives Floating City, пренесе Interesting Engineering.
 

Владата на Малдиви, островска држава во северниот Индиски Океан која има најмал терен од која било земја во светот, ги откри плановите за градот минатиот месец. Ова се исклучително важни вести за Малдиви бидејќи ќе биде одговор за климатските промени и зголемувањето на нивото на морето.

На Малдиви не им се пишува баш најдобро, некои истражувања предвидуваат дека слични острови би можеле до 2050 година да бидат невозможни за живеење и се сигурни дека Малдиви ќе бидат меѓу првите кои ќе исчезнат под зголеменото ниво на морето.

Пловниот град е дизајниран од холандската компанија Dutch Docklands, а ќе биде направен во лагуна во серија на шестаголни редови од лавиринт кои ќе му дадат изглед на корал.

Градот ќе понуди илјадници објекти, а цената за 92,9 метри квадратни ќе изнесува најмалку 250.000 долари. Пловниот комплекс ќе вклучува домови, продавници, болници, училишта, центри за рекреација и јавни простори.

Изградбата ќе почне од 2022 година.

>
>