
ПМФЛ: Како Струга нема друга, Шкендија се „удави“ в езеро, Работнички со супер важни бодови (ВИДЕО)
Уф, каква игра, каква победа на Струга ТЛ. Едноставно стружани просто го „удавија“ шампионот в езеро, и со 2:1 го победија. Кога Жуниор му донесе водство на тетовскиот тим никој, ама баш никој не помислуваше дека Струга ТЛ ќе победи. И не само што победи туку и играчки ја надигра Шкендија. Треба да се спомене супер – голот на Кочовски од слободен удар, Захов беше тотално немоќен.
Супер важна победа за Работнички, совладан е Борец со 2:1, и тоа на „крилјата“ на Тошевски и Велковски. Работнички овој меч мораше и можеше да го добие поубедливо.

Шкупи со пресврт успеа да дојде до 3:1. „Пандевци“ рано поведоа, но во вториот дел им се случи потоп. Шкупи одигра далеку поквалитетни и со три голови во мрежата на струмичани ги израдува своите фанови „шверцери“.
И на крај со голот на Ремзифаик Селмани, Ренова успеа да дојде до големи три бода. „Гипсарите“ во текот на целиот меч доминираа, на крајот и се радуваа со победа од 1:0.
РЕЗУЛТАТИ – 16.КОЛО
СИЛЕКС – ВАРДАР 2:2
(Д. Гроздановски 12.,Костовски 86. / Тошевски 49., Цветановски 70.,)
СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА 2:1
(Кочоски 54.,Лена 65. /Жуниор 38.,)
РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ 2:1
(Тошевски 37.,Велковски 60. /Прелчец (п) 62.)
ШКУПИ – А.ПАНДЕВ 3:1
(Серџио 67., Дембо Дарбое 78., Јусуфи 93.,/Рајковиќ 7.,)
РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:0
извор:sportmedia.mk