
По 17 дена бегство уапсен берберот од Малча
Нинослав Јовановиќ, кој се сомничи за киднапирање на 12 годишната Моника, уапсен е попладнево на гробишта во селото Малча.
Откако полицијата добила дојава дека бил виден во селото, веднаш се упатила на местото и успеала да го пронајде на гробиштата.
Ноќеска спиел во шталата во една куќа, а потоа излегол, веројатно да бара храна.
Тоа полицијата го искористила и го уапсила. Нинослав Јовановиќ стана познат во Србија, но и поширокот, откако киднапираше Моника Крисмановиќ.
Таа беше најдена пред неколку дена, а Јовановиќ се даде во бегство.
По 17 дена активна потрага, во која беа вклучени и хеликоптерите на војската, денеска е пронајден и веднаш е уапсен.