По 46 години ѝ го вратиле загубениот паричник

 По 46 години ѝ го вратиле загубениот паричник
Колин Дистин од Калифорнија го изгубила својот паричник во кино во 1975 година, а сега, 46 години подоцна, ѝ беше вратен.

Паричникот содржел семејни фотографии и чек од 200 долари. Го изгубила, односно ѝ испаднал од чантата при посета на кино кога имала 20 и нешто години.

Според Дистин, откако сфатила дека го изгубила, го контактирала киното следниот ден од каде ѝ било кажано дека не го пронашле нејзиниот паричник. Но, вратен ѝ е сега, 46 години подоцна, откако го пронашол Том Стивенс, вработен во киното.

Во него немало готовина, но имало билет за концерт од 1973 година на рок-групата „Grateful Dead“, фотографии и возачка дозвола што истекла во 1976 година

Стивенс на Facebook објави дека го пронашол паричникот со надеж дека ќе го ја пронајде и Дистин.

„Дали некој ја познава Колин Дистин? Додека го чистевме киното, го најдовме нејзиниот паричник. Во него имаше многу фотографии. Со оглед на тоа што се од тој период (70-тите, заб. на прев.), изгледаат многу кул. Доколку ја познавате Колин, известете нѐ“, напиша Стивенс.

Само неколку часа подоцна им се јавила Дистин велејќи дека паричникот е нејзин. Таа истакна дека моментот кога ѝ бил вратен паричникот бил многу емотивен бидејќи за неа значело враќање во минатото. Наведе дека тоа е еден вид „временска капсула“ за неа, пренесува Fox News.

>
>