ПО ПОРАЗОТ: Роналдо плачејќи го напушти теренот

ПО ПОРАЗОТ: Роналдо плачејќи го напушти теренот

Капитенот на репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо, веднаш по завршувањето на натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство 2022 година против Мароко (0:1), отиде кон соблекувалните. Објективот на камерата фати снимка како 37-годишниот Португалец не можеше да ги задржи солзите.

Роналдо веднаш по последниот судиски свиреж го напушти теренот, без воопшто да се приближи до трибините со навивачите и без да ги чека соиграчите.

Напаѓачот го започна овој натпревар на клупата за резерви, а на теренот се појави дури во вториот дел.

Роналдо го повтори рекордот на Бадер ал Мутава од Кувајт по број на натпревари за репрезентации (196).  (МИА)

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy