• 23/09/2020

По тензиите меѓу Турција и Грција, Макрон испраќа воени бродови во источниот Медитеран

 По тензиите меѓу Турција и Грција, Макрон испраќа воени бродови во источниот Медитеран
loading...
Advertisement

Решив, привремено, во следните денови да го зајакнам француското воено присуство во Источниот Медитеран, во соработка со европските партнери, меѓу кои и Грција, напиша претседателот на Франција Емануел Макрон на социјалните мрежи, откао претходно телефонски разговараше со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

-Ситуацијата во Источниот Медитеран е загрижувачка. Едностраните одлуки на Турција за нафтени истражувања предизвикуваат тензии. Тие мора да прекинат за да се дозволи мирен дијалог меѓу соседните земји и сојузници во НАТО. Решив, привремено, во следните денови да го зајакнам француското воено присуство во Источниот Медитеран, во соработка со европските партнери, меѓу кои и Грција, напиша Макон на „Твитер”, како на француски, така и на грчки јазик.

На твитот на претседателот на Франција, му одговори Мицотакис, му се заблагодари и на француски јазик напиша дека „Емануел Макрон е вистински пријател на Грција, но и силен бранител на европските вредности и меѓународното право”.

За ситуацијата во Источниот Медитеран и за турските активности и начините за справување, синоќа, телефонски разговарале Макрон и Мицотакис.

Грчкиот премиер на истата тема разговараше и со претседателот на Египет Абдел Фатах Ел Сиси и се договориле колку е можно побргу, двете земји да го ратификуваат договорот за одредување на Ексклузивната економска зона.