• 22/09/2020

Победа во последната секунда за Пелистер, Скопје падна во Лабуништа

 Победа во последната секунда за Пелистер, Скопје падна во Лабуништа
loading...
Advertisement

По три натпревари без победа, главниот фаворит за промоција од ВМФЛ-Запад, битолски Пелистер конечно се израдува на триумф. Во рамките од 13. коло, со гол во последната секунда во Битола срушен беше Охрид со 2-1, што е прва радост за новиот тренер Зоран Штерјовски.

Пелистер беше надмоќен во текот на целото прво полувреме, капитенот Благоја Љамчевски креираше две зрели шанси за гол, а Бујчевски постигна погодок кој беше поништен заради недозволена позиција. Охриѓани херметички затворени одолеваа на нападите на фаворитот.

Затворениот натпревар го „скрши“ нововлезениот Игор Момировски, кој доби употреблива топка од Благоја Љамчевски, и користејќи ја погрешната офсајд стапица на охриѓани го матира Котевски (1-0).

Но, битолчани немаа рецепт како да го завршат натпреварот и Александар Целевски во 85. минута ги шокира присутните под „Тумбе кафе“ и израмни на 1-1. Кога се чинеше дека гостите се одбранија, Љамчевски изведе корнер во последната минута од судиското надополнување, а Ганчев со глава ја закова топката во гостинската мрежа и донесе големи три бода за пелистерци.

Лидерот Скопје загуби на теренот на Лабуништа со 2-0, а головите ги постигнаа Петар Љамчевски во 51. минута и Климе Далчески во самиот финиш. Вардар Форино и Велазерими играа без голови, а Кораби го совлада Гостивар со 2-1 со голот на Бајрами во 81. минута. Претходно, Ристовски ги доведе гостите во водтство, а Муча израмни за домаќините.

Кадино пред своите гледачи ремизираше со Дрита (3-2). Головите ги постигнаа Ѓурчиновски, Стојановски и Ивановски за домашната екипа и Љума (два гола) и Рамадани за гостите.

Пелистер се врати на лидерската позиција со 24 бода, исто колку и Лабуништа, а два бода повеќе од третопласираниот тим на Скопје. Есенскиот дел од ВМФЛ-Запад завршува следниот викенд со 14. коло.

Извор:gol.mk