
Победете ги мигрената и кашлицата без антибиотици – ѓумбир, мајчина душица, куркума… „Бабините лекови“ знаат како!
Нашите баби секогаш ни даваат некои природни лекови со чија помош може да оздравиме. Мора да се согласиме, некои од тие билки навистина ги ублажуваат симтомите на одредени болести.
Новото истражување на научници од универзитетот Оксфорд покажало дека доза мед против кашлица или настинка е подобра од лекови кои што се препишуваат на рецепт.
Истражувачите велат дека наместо антибиотици, поевтино е решението консумирање природни лекови.
Овие намирници треба да ги набавите доколку сакате да ги користите наместо таблети:
Мед против кашлица
Од СЗО предупредуваат дека прекумерното користење антибиотици може да доведе до отпорност на бактериите, што значи инфекциите како воспаление на белите дробови и туберкулоза можат повторно да станат „убијци“.
Докторката Шарлот Албур вели: „Ова истражување ни дава докази кои што можат да им помогнат на докторите да бидат сигурни кога им предложуваат на луѓето да користат мед наместо лекови“.

Ѓумбир против мигрена
Оваа намирница е популарна во лечење на неколку болести. Ги смирува мачнините и вознемирениот стомак. Но, едно истражување покажало дека може да биде корисна и за ублажување на главоболка и мигрена. Се смета дека ѓумбирот помага при ослободување на серотонинот, кој што пружа добро чувство во мозокот, а ниско ниво од тоа е пoврзано со мигрената.
Куркума против болки
Тоа е зачин кој што во Индија се користи одамна како лек. Куркумата содржи хемикалии познати како куркуминоиди од кои најважen е куркуминот. Таа активна состојка делува противвоспалително, а истажувањето покажало дека помага во справувањето со артритис и метаболитичките синдроми.

Мајчина душица против кашлица
Уште една природна супернамирница која што треба да ја имате во вашата кујна е мајчина душица. Со години ова растение се користи против дијареа, болки во стомакот, артритис и воспаление на грлото.